Младата Моли Кларк (21) го пријавила својот сопруг во полиција после 100 дена поминати во брак, откако открила дека тајно снимал деца и жени во тоалет во ресторани за брза храна.
Моли раскажала дека била шокирана од снимките кои ги открила на неговиот телефон.
Како што пишува британскиот “Мирор”, телефонот на Ричард Купр го отворила откога се посомнеала дека ја изневерува, но потресена веднаш го фрлила телефонот кога ги открила снимките од тоалетите каде што нејзиниот сопруг работел.
Подоцна открила дека Купер (25) и нејзе тајно ја снимал во тоалетот на нивниот дом, пред да почне да работи во ресторанот.
На фотографиите кои ги пронашла се дете од пет-шест години, тинејџерка и мајка која менува пелена на своето бебе.
Побеснала кога ја одбегнал затворската казна, а осуден е на две години условна казана.
-Сфатив дека мажот за кого се омажив и не постоел. Не го познавав. Беше лажго, живееше двоен живот и се надевам дека никогаш повеќе нема да го видам, рекла Моли за “Mail-online”.
Меѓутоа, како ја одбегнал затворската казна, се плаши дека би можела да налета на него на улица.