четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Биткоинот со рекордно висока цена, расте пазарот на криптовалути

Биткоинот со рекордно висока цена, расте пазарот на криптовалути

Пазарот на криптовалути денеска продолжи да расте. Цената на најпознатата криптовалута, биткоин, во последните 24 часа порасна за 3,2 проценти.

Во моментов со него се тргува по цена од 68.011 долари.

Итириумот во исто време бележи раст од 1,5 проценти и според податоците е со цена од 4.807 долари.

Од најголемата американска банка ЏП Морган предвидуваат дека биткоинот би можел долгорочно да скокне на 146.000 долари ако институциите почнат да преферираат битоин отколку злато. Тоа отприлика е околу 130 проценти повеќе од сегашната цена на биткоинот, пишува Бизнис Инсајдер.