понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен ги отфрли новите руски барања во врска со иранскиот нуклеарен договор

Блинкен ги отфрли новите руски барања во врска со иранскиот нуклеарен договор

Санкциите наметнати на Русија по инвазијата врз Украина „немаат никаква врска“ со иранското нуклеарно досие, а новите барања на Москва за да го поддржи договорот не доаѓаат предвид, изјави денеска шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

Во услови на оптимизам дека ќе може да се обнови нуклеарниот договор од 2015 година, министер за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров вчера побара гаранција дека новите санкции против Москва нема да важат за руската соработка со Техеран.

-Двете работи се сосема различни и не се поврзани на кој било начин, рече Блинкен во интервјуто за Си-Би-Ес.

-Во интерес на Русија е, и покрај се друго, Иран да не може да поседува нуклеарно оружје и да нема капацитет да произведува оружје за кратко време, рече државниот секретар.

-Овој интерес останува силен без оглед на нашите односи со Русија по нејзината инвазија на Украина, рече Блинкен. (МИА)