вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен го посети прифатниот центар за бегалци во Полска

Блинкен го посети прифатниот центар за бегалци во Полска

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска се сретна со полскиот премиер и министер за надворешни работи, во полски град во близина на украинската граница, преку кој минуваат стотици илјади луѓе откако Русија го започна воениот напад врз Украина.

Блинкен ја пофали Полска, која е членка на НАТО, за нејзиниот одговор на акциите на Русија.

Во Полска има околу 10.000 американски војници, а повеќе од половина пристигнаа во последните недели.

„Полска прави витална работа за да одговори на оваа криза. Таа направи многу за да ја олесни безбедносната помош за Украина“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау во градот Жешов.

Блинкен ја посети и полско-украинската граница и се сретна со бегалците.

Инвазијата на Русија врз Украина продолжува и денеска, иако двете страни договорија прекин на огнот во градовите Мариупол и Волноваха за воспоставување на хуманитарни коридори. Додека руските сили уверуваат дека воените дејствија се запрени, градските власти во Мариупол тврдат дека руската војска не го почитува прекинот на огнот и дека евакуацијата на цивилите е одложена.