среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен: Хуманитарни коридори кон Русија се апсурдни

Блинкен: Хуманитарни коридори кон Русија се апсурдни

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен денеска изјави дека Западот е обединет и во санкциите и во зголемувањето на помошта за Украина.

На брифинг во Вашингтон Блинкен рече дека Западот е обединет во повикувањето на Владимир Путин да им дозволи на украинските цивили веднаш да ги напуштат местата на нападите.

-Хуманитарните коридори кон Русија и Белорусија се апсурдни, рече тој.

Блинкен наведе примерот на Суми покажува оти се можни хуманитарни евакуации, но оти тоа треба да биде многу пошироко од еден град. (МИА)