петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен ќе се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман

Блинкен ќе се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Ријад ќе се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, јавија светските агенции, повикувајќи се на официјален претставник на САД.

Израелските војници ги продолжуваат подготовките за копнена операција во Појасот Газа, а Иран предупреди на „далекосежни последици“ доколку Израел не престане да ја бомбардира палестинската енклава.

Денеска е четвртиот ден од досега најголемата турнеја на Блинкен на Блискиот Исток. Американскиот државен секретар се обидува да спречи ескалација на војната меѓу Израел и Хамас и да помогне во ослободувањето на заложниците кои ги држела палестинската исламистичка група.

Во четвртокот тој го посети Тел Авив, каде ја изрази поддршката на Вашингтон за Израел во неговата војна со Хамас. Потоа тој ги посети Јордан, Катар, Бахреин, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.