понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен во Тел Авив: Израел има право и должност да се заштитува

Блинкен во Тел Авив: Израел има право и должност да се заштитува

Израел има право и должност да се заштитува, за да гарантира дека нападот од 7 октомври никогаш повеќе нема да се повтори, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тој ова го изјави во Тел Авив за време на неговата втора посета на Блискиот Исток по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

„Остануваме убедени дека Израел има не само право, туку и должност да се заштитува и да направи се што е во негова моќ, за да не се повторат нападите од 7 октомври“ врз палестинското исламистичко движење против еврејската држава, рече Блинкен по состанокот со израелскиот претседател Јицак Херцог.

Американскиот државен секретар изутрината се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој денеска е во Израел, а викендот ќе го посети Јордан. (МИА)