Пристапувањето на Украина во Европската унија (ЕУ) може да потрае со години, и покрај широката поддршка на политичките лидери за нејзините напори, изјави Клемент Бон, државен секретар за европски прашања во француското Министерство за надворешни и европски работи.
„Нема забрзана процедура, нема кралска пропусница. Мора прво да ја прекинат војната, да ја обноват државата, да ги исполнат сите демократски и економски услови. За ова ќе биде потребно време. Но, ние испраќаме сигнал дека сме отворени“, рече Бон во интервју за француското радио Европа 1, посочи тој пред самитот на лидерите на ЕУ, на кој в четврток и петок ќе се разговара дали Украина, Молдавија и Грузија ќе добијат статус на кандидати за членство.
Според него, Украина ќе мора да почитува строги правила како и секој друг кандидат.
Минатата недела Европската комисија ја поддржа кандидатурата на Украина. (МИА)