сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борел ги осуди воените активности на руската војска во близина на нуклеарната централа во Запорожје

Борел ги осуди воените активности на руската војска во близина на нуклеарната централа во Запорожје

Европската Унија ја осудува Русија за „неодговорното кршење“ на принципите за нуклеарна безбедност со воени активности околу украинската електрана во Запорожје, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

„ЕУ ги осудува руските воени активности во близина на нуклеарната централа во Запорожје. Ова е сериозно и неодговорно кршење на принципите на нуклеарната безбедност и уште еден пример на руско непочитување на меѓународните норми“, напиша Борел на Твитер.

Тој побара Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да добие итен пристап до централата.

Шефот на МААЕ Рафаел Гроси претходно изјави дека најголемата европска нуклеарна централа во Украина е „целосно надвор од контрола“ и ги повика Русија и Украина итно да дозволат експерти да го посетат комплексот со цел да се стабилизира ситуацијата и да се избегне нуклеарна катастрофа.  (МИА)