сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борел пристигна во Кина

Борел пристигна во Кина

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, пристигна денеска во Кина, објави тој на својот официјален профил на социјалните мрежи.

„Само што слетав во Кина за да копретседавам со стратешкиот дијалог ЕУ-Кина со мојот колега, министерот Ванг Ји“, објави Борел на социјалната мрежа Х.

„Важна посета за да се разговара за односите меѓу ЕУ и Кина, клучните регионални и глобални предизвици со кинеските власти, научниците и претставниците на бизнисот“, додаде тој.

Односите меѓу ЕУ и Кина се силно затегнати по руската инвазија на Украина во февруари минатата година, која Пекинг не ја осуди.  (МИА)