Дмитро и Тања Швец поминале 23 дена криејќи се во подрум во Мариупол заедно со својата седум годишна ќерка Влада и родителите. Семејството успеало да избега од Мариупол минатата недела, но нивните родителите останале таму.
Избегале на Днипро на североистокот од Украина, а во разговор за Си-Ен-Ен Тања вели дека руското бомбардирање практично го избришало Мариупол од мапата, а прашање на време е кога останатите украинските градови ќе се соочат со иста судбина.
-Таму нема веќе град. Градот Мариупол повеќе не постои. Не постои ниту една станбена зграда која не е оштетена или срушена. Во градот останаа само 10 проценти од луѓето. Само пензионерите кои немаат пари или немаат автомобил па не можат да побегнат и оние кои не можат да одат, вели Тања за Си-Ен-Ен.
„Во градот повеќе нема ништо“
-Не сме избањале три недели. Физиолошките потреби ги вршевме во вреќа или канта, напишала Тања во својот дневник кој го водела во скривницата. Делови од него им ги покажала на Си-Ен-Ен.
Семејството ретко го напуштало подрумот – излегувале само за да најдат вода и храна. Во една прилика излегле за да помогнат да се закопаат соседите кои руската артелирија ги убила додека чекале ред за храна.
-Проблемот е што во градот нема ништо. Нема сигнал за мобилен, нема интернет. Се е отсечено, плин, вода, струја, истакнал Дмитро за Си-Ен-Ен.
Црните шеги станале реалност
За време на првите денови од војната, Дмитро и Тања се обидувале да гледаат колку може позитивно. Во еден момент се шегувале дека доколку дојде до недостиг на храна секогаш можат да јадат гулаби.
-На почетокот беше шега, на пример „оо, може ќе треба да убиеме гулаб за да јадеме. Но, по извесно време шегата стана реалност и наше секојдневие. Успеавме да фатиме неколку гулаби коои го прежиевале нападот на Русија, вели Дмитро за Си-Ен-Ен.
Стравува дека родителите негови и на сопругата ќе прегладнат.
-Не знам како ќе преживеат бидејќи повеќе нема храна. Татко ми ми кажа дека немаат храна. Можеби, уште за една недела. Максимум. Не знам дали ќе ги видам или слушнам родителите повторно. Не знам, вели тој додавајќи дека живеат од ден за ден.
„Пукаа на цивили кои чекаа во ред за вода“
-Готвевме на отворен оган. Дрва собиравме по парковите бидејќи немавме друга опција за преживување. Делевме храна со соседите и роднините, вели Дмитро.
Парот истакнал дека било неверојатно чувството што Русите намерно целеле цивилни групи кои чекале во ред за храна, вода или лекови.
-Само нѐ убиваа. Ако бевме собрани да најдеме вода, пукаа кон нас, открива Тања.