петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бразилските весници ја „погребаа“ кралицата Елизабета, па се вадеа на „техничка грешка“

Бразилските весници ја „погребаа“ кралицата Елизабета, па се вадеа на „техничка грешка“

Бразилските весници вчера по грешка објавија дека починала кралицата Елизабета Втора.

Фолха де Сао Паоло погрешно ја објави смртта на британскиот монарх на својата веб-страница во понеделникот околу пладне, информирајќи ги милиони јужноамерикански читатели дека кралицата починала „како резултат на XXXXXXXX“ на возраст од „ХХ“.

– Елизабета ќе остане запишана во историјата како британскиот суверен кој владеел најдолго – напишале во почит од 1.300 зборови на кралицата која, како што се испостави, се уште е жива.

Сфаќајќи ја грешката, ја избришале веста, велејќи дека се работи за „техничка грешка“.

– Во новинарството, нормална практика е да се подготвуваат стории за можни и/или веројатни ситуации, како што се смртта на светски лидери, познати личности и јавни личности. Фолха жали за грешката – се наведува во весникот.