Откако видеото со апсењето на бремена жена во Австралија поради организирање мирни протести против рестриктивните мерки стана вирално, стигнаа силни критики во јавноста.
На видеото се гледа како полицајци вчера и ставиле лисици на рацете на Зои-Ли Булер (28) во нејзиниот дом во Викторија пред нејзиниот партнер и децата.
Булер започнала да плаче при апсењето, велејќи им на полицијата дека „не знаела дека прави нешто погрешно“.
Австралиските власти ги бранеа постапките на полицајците, велејќи дека тие постапиле соодветно на ситуацијата, пишува Би-Би-Си.
Австралиската држава Викторија се наоѓа во некаков вид карантин од јули, откако Австралија беше погодена од втор бран пандемија. Властите во Мелбурн, главниот град на државата, воведоа полициски час и побараа од граѓаните да останат дома што е можно повеќе.
Поради строгите ограничувања, многу компании се затворија и неодамна е воведена забрана за масовни собири. Минатата недела полицијата во Викторија предупреди дека ќе ги уапси оние кои организираат протести кршејќи ја забраната.
Видеото, кое е пренесувано во живо на Фејсбук и прегледано над два милиони пати, покажува како полицијата разговара со Булер и нејзиниот партнер во нивниот дом во градот Баларат. Наскоро, полицајците им покажаа потерница и велат дека е издадена за објава на Фејсбук и организирање протести.
Зои-Ли Булер, која во тоа време сè уште била во пижами, и се понуди на полицијата да ја избрише објавата.
“Тука се моите две деца, имам закажано на ултразвук за еден час. Ова е смешно … Не знаев дека правам нешто лошо”, рече таа.
Полицијата одговори дека обвиненијата се за „поттикнување“планиран протест во Баларат во саботата.
Инцидентот бил критикуван од активистите за човекови права и пратениците од опозицијата.
„Превентивните апсења за организирање мирни протести или објавување на социјалните мрежи е нешто што се случува под авторитарните режими и не треба да се одвива во демократии како Австралија“, изјави Елејн Пирсон од Хјуман рајтс воч.
Критичарите на ваквите полициски активности предупредуваат дека тие можат понатаму да ги свртат граѓаните кон ограничувачки мерки или да започнат теории на заговор.
Досега се пријавени повеќе од 26.000 случаи на ковид-19 во Австралија, а 678 лица починале.