ЕУ работи на нови санкции кон Иран, откако собра „доволно докази“ дека таа земја и испорачува на Русија смртоносни дронови за употреба во Украина, изјави денеска Набила Масрали, портпаролка на шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
– Сега, кога собравме сопствени доволно докази, работата во (Европскиот) совет е во тек, во смисла на јасен, брз и цврст одговор на ЕУ, потенцираше Масрали.