четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Британија понуди да прифати 200.000 Украинци

Британија понуди да прифати 200.000 Украинци

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска предупреди на зголемените размери на хуманитарната криза предизвикана од воените конфликти во Украина и зголемениот број бегалци.

Тој рече дека бројот на бегалци може да се зголеми на над милион и понуди Британија да прифати 200.000 Украинци.

„Ќе им олесниме на Украинците кои веќе живеат во Велика Британија да ги донесат своите роднини во нашата земја. Иако е тешко да се проценат точните бројки, може да има повеќе од 200.000“, рече Џонсон за време на посетата на Варшава. (МИА)