Рускиот претседател Владимир Путин е потрошена сила во светот, без разлика како ќе заврши војната во Украина, според британскиот министер за одбрана Бен Валас, предвидувајќи дека инвазијата ќе претставува крај на Путин, пренесе Ројтерс.
Руската офанзива во Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“, продолжува, но со значително побавно темпо, велат од украинската војска и разузнавачите додека преплашените жители бегаат од бомбардираните градови.
„Претседателот Путин е потрошена сила во светот и е готов, неговата војска е готова. Тој мора да си го признае тоа“, изјави Валас за Тајмс радио.
„Ова ќе биде крајот на Путин… и така треба да биде“, рече Валас за Би-би-си радио, додавајќи дека „би било невозможно да се окупира таков народ и земја“.
„Долгорочно, никој повеќе нема да ги прима неговите телефонски повици. Тој ја исцрпи својата војска, тој е одговорен за смртта на илјадници руски војници, за убиствата на невини луѓе. Ја сведе руската економија на нула. Мора да преземе одговорност за тоа“, заклучи британскиот министер.