петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Британскиот премиер стравува дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина

Британскиот премиер стравува дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги повтори стравувањата изнесени од американските официјални лица оваа недела во предвидувањето дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина, велејќи дека тоа би било „директно од нивниот прирачник“

-Нештата што ги слушате за хемиското оружје, ова е директно од нивниот прирачник, рече Џонсон во интервју за британската телевизија Скај Њуз.

-Тие почнуваат да тврдат дека има хемиско оружје што е складирано од нивните противници или од Американците. И така, кога тие самите ќе распоредат хемиско оружје, а се плашам дека е можно, тие имаат еден вид маскировка (руска воена измама) на лажна приказна подготвена за пласирање, додаде тој.

-Само забележувам дека тоа е она што тие веќе го прават. Тоа е цинична, варварска влада, се плашам, рече Џонсон.

Министерката за надворешни работи Лиз Трас утрово, исто така, изјави за Си-Ен-Ен дека Британија е „многу загрижена“ за потенцијалот на Русија да користи хемиско оружје во Украина, велејќи дека „сме виделе дека Русија го користи ова оружје и порано во области на конфликти“.

Посочувајќи на досегашното „досие“ на Русија, прес-секретарката на Белата куќа Џен Псаки вчера предупреди дека Москва би можела да употреби хемиско оружје во Украина или да направи операција под „лажно знаме“ за користење на таквото оружје.  (МИА)