четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бројот на исчезнати во бродоломот во Индонезија порасна на 180 лица

Бројот на исчезнати во бродоломот во Индонезија порасна на 180 лица

Индонезиските власти денеска соопштија дека по потонувањето на траектот во езерото Тоба во Индонезија, бројот на лица кои се водат како исчезнати изнесува околу 180, што е трипати повеќе од капацитетот на бродот.

Претходно властите информира дека при бродоломот исчезнале најмалку 128 лица.

Досега се откриени тела на тројца удавени патници на тракетот, додека 18 лица беа спасени веднаш по несреќата.

Властите информираат дека немаат прецизни податоци за бројот на жртвите, затоа што екипажот на траектот не водел евиденција за бројката на патници.

– Голем број од луѓето пријавија дека исчезнале нивни роднини, потребно е време да ги пронајдеме жртвите, изјави претставник на индонезиската Служба за спасување.

МИА