понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бројот на загинати во пожарот на траектот се искачи на 39, повредени се 70 лица

Бројот на загинати во пожарот на траектот се искачи на 39, повредени се 70 лица

Бројот на загинати во пожарот на траектот во јужен Бангладеш се искачи на 39, а 70 лица се повредени, соопштија локалните власти.

Пожарот избувнал три часа по полноќ по локално време, во близина на градот Јалакати, на брод кој испловил од главниот град Дака и тргнал на југ кон градот Баргуна, оддалечен 250 километри.

Пожарникарот Фазул Хаке изјави дека акцијата за спасување продолжува и дека најверојатно бројот на жртви ќе биде поголем.

Причината за пожарот се уште не е позната.