Бројот на загинати во разорните земјотреси на југот на Турција се искачи на 39.672, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.
Во соседна Сирија досега во земјотресот животот го загубија повеќе од 5.800 луѓе.
Со тоа бројот на жртви во двете земји достигна 45.472.
Ниту Турција, ниту Сирија не објавија колку луѓе се уште се водат за исчезнати по земјотресот.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција на 6 февруари, со епицентар во Караманмарас, а бројни спасувачки тимови се уште работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.