сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бројот на заразени лица од Ковид-19 во Русија надмина 700.000

Бројот на заразени лица од Ковид-19 во Русија надмина 700.000

Во изминатите 24 часа во Русија се потврдени нови 6.562 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени лица во земјата е  700.792.

Дневниот пораст на новозаразени во изминатите 13 денови не надмина 7.000, а во последните два дена стапката на заразеност не надмина 0.9 отсто.

Во Русија, во последните 24 часа починаа 173 лица, а вкупниот број на смртни случаи од новиот коронавирус достигна до 10.667.

Русија во моментов има 217.614 активни случаи на Ковид-19. (МИА)