понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Брутално групно силување и убиство на осум годишно девојче го шокираше светот

Брутално групно силување и убиство на осум годишно девојче го шокираше светот

Брутално групно силување и убиство на 8-годишно девојче предизвика голем револт низ цела Индија.

Телото на Асифа Бано, дете кое живеело во номадско племе од муслиманска вероисповет веше пронајдено во шума на 17 јануари во близина на градот Катуа во провинцијата Кашмир.

Приказната стана број еден дури оваа недела откако хиндуистички радикално десничарски групи протестираа по апсењето на виновниците.

Луѓето се гневни поради тоа што немилосордно злосторство доби религиозно жариште.

Полицијата уапси осум луѓе, од кои еден пензиониран претставник на владата, четворица полицајци и малолетник за врски со убиството на Асифа.

Приказната за Асифа е број еден и на социјалните мрежи, особено на Твитер.

 

-Замислете што му поминува низ главата на 8 годишно дете кое е дрогирано, заробено и силувано со денови, а потоа убиено. Ако не го чувствувате теророт кој го чувствувала таа, тогаш не сте човек. Ако не барате правда за Асифа, тогаш не припаѓате на ништо, е еден од коментарите на Твитер.