Очекувано, Илон Маск брутално почна да со отказите во Твитер.
На работниците им најави дека денеска многу од нив ќе добијат мејл со тој наслов. Некои луѓе веќе не можат да се логираат на Slack и официјалните сметки, што значи дека се отпуштени.
Оние кои ќе останат на работа ќе добијат информации на нивната деловна е-пошта, а оние кои ќе бидат отпуштени ќе добијат известување на нивната приватна е-пошта.
Отказот доаѓа во време кога Маск зборува за намалување на бројот на вработени и до 50 отсто. Ова може да значи губење на илјадници работни места бидејќи, според податоците од крајот на 2021 година, Твитер имал околу 7.000 вработени.
Работниците меѓусебно се поддржуваат
Додека сето ова се случува, работниците на Твитер си споделуваат пораки со поддршка меѓу себе. Многумина го користат хаштагот „OneTeam“. Некои споделуваат слики од екранот како не можат да се логираат на официјалната е-пошта и прашуваат дали отпуштањата веќе започнале.
Looks like I’m unemployed y’all. Just got remotely logged out of my work laptop and removed from Slack. #OneTeam forever. Loved you all so much.
So sad it had to end this way 💔
— simon balmain (@SBkcrn) November 4, 2022
Други пишуваат дека останале без пристап до Твитер и Слек. Некои така дознаа дека останале без работа, немале пристап до платформите на кои вообичаено работат. Високиот менаџер Сајмон Балмен твитна дека му е жал што вака заврши.
Just lost access to my Twitter email and Slack. This is all so unreal. #LoveWhereYouWorked #OneTeam
— Morgan Bell (@livelovegeek) November 4, 2022
Друг шеф, Џејмс Лодука, го твитна прашањето: „Дали срцето може да биде полно и скршено во исто време?“, а потоа ги отстрани сите референци од неговиот профил.
Well this isn’t looking promising. Can’t log into emails. Mac wont turn on.
But so grateful this is happening at 3am. Really appreciate the thoughtfulness on the timing front guys.
Meanwhile to everyone else at Twitter, you’re the best ❤️ #OneTeam pic.twitter.com/iWyAPeURcm
— Chris Younie (@ChrisYounie) November 4, 2022