Крунисувањето на кралот Чарлс Трети би требало да трае нешто повеќе од еден час, откриваат британските медиуми. Треба да трае многу пократко од церемонијата во 1953 година кога беше крунисана кралицата Елизабета Втора, за која на улиците на Лондон се собраа милиони луѓе од цела Британија.
Се смета дека кралот Чарлс III сака неговото крунисување да го даде тонот на модерната монархија, а истовремено да задржи дел од раскошот и величественоста што го запрепасти светот за време на погребната церемонија на кралицата. Церемонијата на крунисување треба да се скрати од повеќе од три часа на нешто повеќе од еден час; поевтини и „порепрезентативни на различни заедници и религии“.
За разлика од кралските свадби, крунисувањето е државна церемонија, финансирана од владата и која одлучува за списокот на гости. Списокот на гости за церемонијата најверојатно ќе биде намален од 8.000 на 2.000, а стотици благородници и парламентарци ќе бидат изоставени.
Имаше дискусии за порелаксиран кодекс на облекување. Поканетите можеби би можеле да носат повеќе секојдневна облека наместо свечена (на жените им се советуваше да ги држат главите покриени, по можност да носат дијадеми). Древните ритуали кои одземаат многу време, вклучително и подарувањето на монархот со златни шипки, ќе бидат прекинати за да се заштеди време.