Од почетокот на војната во Украина, руските војници убиле речиси 200 цивили во градот Чернигов, изјави Вјачеслав Чаус, началник на Регионалната воена управа на Чернигов во интервју за Лига.нет, објавија украинските медиуми.
-Чернигов е под постојан напад. Луѓето умираат. Ако пред два или три дена зборував за „Чернигов 100“, сега можам да кажам дека речиси 200 цивили веќе се убиени во овој град, истакна Чаус.
Како што објавија украинските медиуми, бранителите на Чернигов денеска уништија непријателски воен конвој составен од еден тенк, две оклопни возила „Тигр“ и камиони „Камаз“.
Руската инвазија врз Украина почна на 24 февруари. (МИА)