Министерот за внатрешни работи на Чешка, Вит Ракуштан денеска изјави дека Прага побарала од Европска Унија 25 модуларни згради за да смести 50.000 украински бегалци.
Тој истакна дека ресурсите на Чешка веќе се исцрпени.
Повеќе од 102.000 украински бегалци се пријавени во Чешка по руската инвазија што почна на 24 февруари.
Чешка со население од 10,7 милиони има украинска заедница со околу 200.000 луѓе, кои главно работат во градежништво, како негувателки и куќни помошнички.