недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЧУДО ВО ТУРЦИЈА: Во разурнатата црква, овие две статуи ОСТАНАА ЦЕЛИ (ФОТО)

ЧУДО ВО ТУРЦИЈА: Во разурнатата црква, овие две статуи ОСТАНАА ЦЕЛИ (ФОТО)

Фотографиите кои го обиколија светот ја прикажуваат уништената католичка црква во градот Искендерун во Турција. И додека црквата е речиси целосно уништена, статуите на Богородица и Св. Анте останаа целосно неоштетени.

Веста за тоа на социјалните мрежи ја пренесе локалниот свештеник Антуан Илгит.

„Само вчера имавме миса во црквата, но денес ја нема. Фала богу што сме живи и здрави, а тоа е најважно. Ви благодариме за поканите, пораките и молитвите, ќе ве контактирам сите штом тоа ќе ни дозволат линиите“, напиша тој и сподели фотографии од статуата и сликите на Богородица со порака „Донесов слика од Богородица пред катедралата. Таа ќе ни даде сила во оваа тешка ситуација“.

Вели дека потресите се уште се чести, но заедно се посилни и од тоа и од студот.