недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Црквата Саграда Фамилија доби градежна дозвола после 137 години

Црквата Саграда Фамилија доби градежна дозвола после 137 години

Базиликата Саграда Фамилија, заштитниот знак на Барселона која е проектирана од каталонскиот архитект Антони Гауди, доби градежна дозвола после 137 години.

Спектакулраната, но недовршена црква, која во 2005 година беше ставена на листата на УНЕСКО како светско наследство, годишно ја посетуваат повеќе од четири милиони луѓе.

Изградбата почнала во 1882 година, а во 1926 година, кога починал Гауди, не била завршена ни четвртина.

Шпанските власти во 2016 година сфатиле дека за оваа базилика никогаш не била добиена планска дозвола, што значи дека без градежна дозвола дејствувала повеќе од еден век.

Градежната дозвола за изградбата на базиликата Саграда Фамилија важи до 2026 година, кога се навршуваат сто години од смртта на Гауди.

Се проценува дека изградбата на црквата ќе чини околу 374 милиони евра.(МИА)