среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЦРН БИЛАНС: Загинаа 57, ранети се 169 лица по првиот ден од нападите на Русија над Украина

ЦРН БИЛАНС: Загинаа 57, ранети се 169 лица по првиот ден од нападите на Русија над Украина

Досега, 57 лица загинаа, а 169 се ранети откако Русија изврши напад врз Украина. Ова е црниот биланс кој го соопшти министерот за здравство во Владата на Украина, Виктор Љашко.

Во тие бројки се вклучени војници и цивили, изјави Љашко.

Тој додаде дека и болниците и здравствените работници биле погодени од рускиот напад. Жртви има и меѓу здравствените работници, изјави украинскиот министер.

Заменик-министерот за одбрана изјави дека силното руско гранатирање се уште трае во источниот регион на Доњецк, пренесе Ројтерс.

Агенцијата за бегалци на ОН објави дека 100.000 луѓе се евакуирале од Украина. Тие бегаат од насилство и бараат безбедност, се вели во денешното соопштение на агенцијата.