петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Црн петок за Твитер: 3.700 луѓе ги чека отказ! Некои работат по 24 часа, некои спијат во канцеларија, се надеваат дека Маск ќе биде милостив (ФОТО)

Црн петок за Твитер: 3.700 луѓе ги чека отказ! Некои работат по 24 часа, некои спијат во канцеларија, се надеваат дека Маск ќе биде милостив (ФОТО)

Се очекува дека во петок Твитер под водство на Илон Маск ќе отпушти илјадници вработени. Според некои податоци, би требало да се отпуштат околу 3.700 луѓе или дури половина од работната сила.

За своите работни задачи да ги исполнат во кратки рокови да докажат дека се успешни, вработените работат по 24 часа дневно, седум дена во неделата, а некои и спијат во канцелариите. Меѓутоа, многу корисници веќе се жалат дека губат следбеници. Причината за големата чиста би можело да биде укинувањето на лажните профили, како и деактивацијата во знак на протест, бидејќи синото знакче сега ќе се плаќа.

Откако Илон Маск ги оставил вработените во голема мера во мрак за тоа што се случува во компанијата во првите денови од неговото преземање на Твитер, тие сега сè се поблиску до сознанието за својата судбина под негово водство. „Business Insider“, кој добил интерна комуникација и разговарал со две лица запознаени со плановите на компанијата, но кои сакале да останат анонимни, пренесува дека листата на луѓе од кои се очекува да добијат отпремнина поради раскин на договорот за работа е завршена во средата. На неа би требало да има дури 3.700 луѓе.

Откако Маск официјално го купи Твитер минатата недела, тој ги рангирал работниците според нивните резултати. Шефовите на одделенијата имале задача да состават листа и да изберат кого ќе задржат во компанијата, а кого ќе отпуштат. Тие листи потоа му биле пратени на Маск и неговиот тим, вклучувајќи го и неговиот адвокат Алекс Спајро.

Се очекува отпуштањата да бидат извршени во петок на пладне. Ако навистина се отпуштени повеќе од 3.700 луѓе, тоа би значело половина од работната сила. По зголемувањето на работната сила на компанијата на околу 8.200 во јуни, стотина ја напуштиле истата кога Маск одлучил да ја купи. Кон крајот на септември останале 7.500 луѓе.

Во меѓувреме, „Washington post“ известува дека тимот на Маск планира да го намали персоналот на Твитер за околу една четвртина во првата рунда отпуштања, повикувајќи се на лице запознаено со разговорите кои се воделе во седиштето на компанијата минатата недела.

Милијардерот, кој го презема Твитер минатата недела, најави дека новата сина ознака покрај имињата на корисниците на социјалната мрежа Твитер, која ја докажува автентичноста на профилот, ќе мора да се плаќа осум долари месечно.

Според интерните податоци до кои дошол „CNBC“, вработените од другите компании на Маск сега се овластени да работат на Твитер, вклучувајќи повеќе од 50 луѓе од Тесла, двајца од „Boring Company“ и еден од „Neuralink“.

Оние кои сакаат да ја задржат работата се советувани да му пристапат на Маск директно преку „Slack“ со нови идеи и да бидат подготвени да работат со манична енергија, се наведува во интерниот меморандум во кој увид имал „Business Insider“.

„Од нас се очекува буквално да работиме 24/7 за да го изведеме ова“, гласела пораката на вработените кои моментално подготвуваат ревизија на начинот на кој функционира процесот за верификација на профилите.

Во тоа време на вработените не им е кажано дали ќе добијат плата за прекувремена работа, наведува „CNBC“. Некои од компанијата ги гледаат овие задачи како тест од тимот на Маск за да видат кој работни напорно. Но тие се грижат дека нивните кариери на Твитер ќе завршат ако не ги завршат работите до одредените рокови.

Твитер треба да одговори на барањата за коментар за работното време, персоналот кој спие во канцеларија и отпуштањата.