Канцеларија на јавното обвинителство на Украина соопшти дека во воените дејствја на руската армија во земјата заклучно со денешниот ден се убиени 97 деца.
Според информацијата објавена преку платформата „Телеграм“, трагичниот биланс е убиени пет деца секој ден, најмногу во регионот на Киев, следува регионот Харков, потоа во регионот Доњецк, Чернигив, Суми, Херсон, Миколаев и Житомир.
Во бомбардирањата и гранатирањата се уништени единаесет здравствени установи и три центри за рехабилитација, меѓу кои и установи за згрижување деца со посебни потреби.
Јавното обвинителство во Киев објави и линк на кој сведоците можат да достават информации за сторени злосторство што потоа би биле искористени за евентуалниот процес против Русија во меѓународните правни институции. (МИА)