Украинските сили продолжуваат да го контролираат опколениот јужноукраински пристанишен град Мариупол, изјави висок функционер на украинската безбедност Олексеј Данилов.
-Мариупол се држи и никој нема да го предаде, изјави Данилов, цитиран од британските медиуми.
Вицепремиерката Ирина Верешчук претходно денеска соопшти дека украинските власти се надеваат дека дел од заробените цивили во градот Мариупол, што е под руска опсада, денеска ќе можат да се евакуираат со приватни автомобили. (МИА)