четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд

Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд

Шест луѓе однесени како деца од Гренланд во Данска како дел од социјален експеримент денеска добија извинување од данската Влада за вежба што „никогаш не требало да се случи“.

Група од 22 деца од Гренланд – од кои шест сè уште се живи – биле земени од нивните семејства во 1951 година и испратени во Данска, во обид да се создадат услови кои ќе им дадат подобар живот. Тие го научиле данскиот јазик и требало да бидат одгледувани да бидат дел од елитното општество со надеж дека ќе одиграат клучна улога во развојот на општеството во Гренланд и Данска. (МИА)