Данска на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк се обврза да биде првата земја што ќе обезбеди средства за нации во развој што имале „загуба и оштета“ предизвикани од климатските промени.
Земјата вети дека ќе обезбеди 100 милиони дански круни или над 13 милиони долари за компензација како дел од својата помош за климата.
Според данскиот министер за развој, Флеминг Молер Мортенсен, „крајно нефер е најсиромашните во светот да страдаат најмногу од последици од климатските промени“, до што тие придонеле „најмалку“.
Како што информираше Мортенсен, средствата се наменети за африканскиот регион Сахел и за други ранливи области погодени од климатската криза.
– Со овој нов договор, ние го ставаме дејствувањето зад зборовите, подвлече министерот.