вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данската полиција информирана за присуство на дронови кај гасните полиња во Северно Море

Данската полиција информирана за присуство на дронови кај гасните полиња во Северно Море

Данската полиција во текот на викендот добила извештаи за активност на беспилотни летала во близина на полето за гас Роар, во Северно Море, изјави денеска портпаролот на данската полиција.

Француската енергетска компанија „Тотал енерџис“ управува со полето Роар, што се наоѓа веднаш до Тир, најголемото данско гасно поле.

Британските медиуми јавуваат дека Данска, како и некои други земји од регионот, го крена нивото на будност откако беше објавено за истегувања гас од гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во Балтичкото Море, за што претпоставка е дека се предизвикани од саботажа.

„Тотал енерџис“ минатата недела соопшти дека е забележана „неовластена активност на беспилотни летала“ во близина на нејзиниот нафтен и гасен капацитет во Северното Море, полето Халфдан Б, додаваат британските медиуми. (МИА)