Европската унија нема да му даде нов мандат на преговарачот за Брегзит, Марош Шефчович, бидејќи Велика Британија бара измени на Протоколот за Северна Ирска, изјави денеска евроамбасадорот во Лондон, Жоао Вале де Алмеида.
Британските медиуми пренесуваат дека Де Алмеида зборувајќи во Вестминстер повторил дека ЕУ нема да го продолжи мандатот на Шефчович за разговорите со Лондон.
Британските власти експресно оценија дека ваквата одлука на ЕУ е „големо разочарување“.
Протоколот за Северна Ирска е дел од договорот за Брегзит со кој се воспоставуваат трговски правила за британската покраина, а сега Лондон сака да ги промени, наведуваат британските медиуми.