сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дедо Мраз зарази 118 штитеници во старски дом во Белгија

Дедо Мраз зарази 118 штитеници во старски дом во Белгија

Дедо Мраз, кој посетил дом за стари лица во Белгија, заразил 118 лица со коронавирус.

Според извештаите на локалните медиуми, син на корисник на старски дом во градот Антверпен го посетил домот во костум на Дедо Мраз за да ги развесели корисниците.

Набргу по посетата, 45 лица, кои биле во близок контакт со него, почнале да покажуваат симптоми на инфекција.

Неколку дена по посетата на Дедо Мраз, инфекцијата е потврдена кај 98 корисници на домот за стари лица и 20 вработени.

Фотографиите направени за време на посетата покажуваат дека голем број луѓе не носеле заштитни маски.