четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дендиас со маска од ФК Панатинаикос ја пречека шефицата на шпанската дипломатија

Дендиас со маска од ФК Панатинаикос ја пречека шефицата на шпанската дипломатија

Со маска од фудбалскиот клуб Панатинаикос, министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ја пречека во грчкото МНР неговата колешка од Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас, се чини дека реши, обичната бела или црна маска, денеска да ја замени со маска со знакот и името на неговиот омилен фудбалски клуб Панатинаикос.

Па така пред зградата на Министерството за надворешни работи на Грција, ја пречека Лаја со маската од Панатинаикос, која ја носеше и на почеокот на тет-а-тет средбата со шефицата на шпанската дипломатија. (МИА)