вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Десет работници повредени при пожар на аеродромот во Франкфурт

Десет работници повредени при пожар на аеродромот во Франкфурт

Дестмина вработени на аеродромот во Франкфурт беа полесно повредени денеска, откако се запали возило додека влечело еден авион.

Причините за пожарот засега не се познати.

Огнот од возилото предизвикал и оштетувања на пилотската кабина на авионот, кој во моментот бил празен.

Пожарот не предизвикал проблеми или застој во сообраќајот на аеродромот во Франкфурт, кој е еден од најпрометните во Европа.