вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Девет лица повредени: Обилни снежни врнежи во Австрија предизвикаа сообраќаен хаос

Девет лица повредени: Обилни снежни врнежи во Австрија предизвикаа сообраќаен хаос

Девет лица се повредени во снежното невреме што утрово ја зафати Австрија. Силните снежни врнежи предизвикаа огромни проблеми во сообраќајот, а во Виена отежнато се одвива и градскиот транспорт.

Девет лица се повредени откако автобус во Виена се излига и удри во столб. Портпаролот на виенската протипожарна служба Гералд Шимпф дополни дека меѓу повредените едно лице се стекнало со тешки повреди.

Во други делови на Австрија, голем број камиони се излизгаа и се испречија на автопатот, што го отежна сообраќајот.

Неколку сообраќајни незгоди се случија и низ државата која е целосно покриена со снег.

Во Виена се очекуваат рекордни врнежи од снег.