Огромна дупка со дијаметар од 37 метри и длабочина од 12 метри е создадена на 24 февруари во Карапинар, град во областа Коња во Турција.
За овој случај се огласија Техничкиот универзитет во Коња (КТУН) и професорот Фетула Арик.
„Бевме во областа каде што се формираше дупката за да ја испитаме. Меѓутоа, не можевме да ги поврземе овие појави со земјотресот што се случи тој ден или со големите земјотреси на 6 февруари. Всушност, имаше земјотрес додека меревме.“, изјави Арик, а пренесува ТРТ Хабер.
Сепак, тој смета дека дупката не е поврзана со најразорниот земјотрес. „Ако требаше да има вакво рушење на земјата, тоа ќе се случеше кога земјата се тресеше, а тоа не беше случај овде“, додаде тој.
Тој додава дека доколку дупката била подготвена за колапс, земјотресот би можел да биде само еден од факторите за уривање.
Од друга страна, хрватските медиуми потсетуваат дека и во Петриња по земјотресот се формирале копнени дупки и дека тие имале врска само со земјотресот во смисла дека го забрзал нивното отворање.
After the major earthquake of Feb 6, several sinkholes formed in Turkey
This one was discovered in Konya, Karapınar district, on Feb 24 after a M4.3 earthquake: it has a diameter of 37 meters and a depth of 12 meters
[read more: https://t.co/RXpiPW5cA3]pic.twitter.com/hAobfPlZvs
— Massimo (@Rainmaker1973) February 25, 2023