Во инцидент во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, во текот на ноќта до смрт било избодено со нож 19-годишно момче од Брегот на Слоновата Коска, додека пак уште три лица се хоспитализирани, објави информативниот портал од островот „Стониси”.
Според истите информации, инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ, кога Авганистанец откако украл мобилен телефон од еден од Африканците, со нож напднал неколку лица, кои биле пренесени во болница.
Поради тешките повреди во градите и стомакот, 19-годишното момче починало, двајца од хоспитализираните се со сериозни повреди во стомакот, а еден со повреди од удари во пределот на главата.
Порталот објави дека полицијата привела неколку лица, а веројатно меѓу нив е и сторителот. (МИА)