недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Додека луѓето се забавуваа, нивните срца пукнаа од страв: Стотици птици паднаа од небото после огнометот во Рим (ФОТО)

Додека луѓето се забавуваа, нивните срца пукнаа од страв: Стотици птици паднаа од небото после огнометот во Рим (ФОТО)

Во главниот град на Италија, Рим, стотици птици починаа по огнометот што беше испукан на новогодишната ноќ. Според познавачите, тие најверојатно починале од страв.

Снимките од улиците во близина на главната железничка станица во Рим покажуваат дека голем број птици лежат безживотно на земја, објави АП.

Според „Кориере дела сера“, стотици мртви птици лежеле на улиците помеѓу станиците Термини, Ескилино и Виа Национале во центарот на италијанската престолнина, а вистински тепих од мртви животни ги прекрил патот и тротоарите.