среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Доктор обвинет за убиство на 25 пациенти (ВИДЕО)

Доктор обвинет за убиство на 25 пациенти (ВИДЕО)

Лекар од американската сојузна држава Охајо е обвинет за убиства на 25 пациенти на возраст меѓу 37 и 85 години, пренесе телевизискиот канал Fox News.

Според извештајот на телевизијата, Големата порота на округот Франклин жителите рекле дека 43-годишниот Вилијам Хузел, кој работел како лекар во две болници во Колумбус, дека намерно им препишувал потенцијално смртоносни дози на фентанил на 25 пациенти „без да има друга цел, освен да ја забрза нивната смрт“.

Истрагата дошла до сознанија дека Хузел на пациентите им препишувал дози од споменатиот лек кои биле 10, 20 и 40 пати поголеми од вообичаените. Иследниците, исто така, рекле дека неговите мотиви остануваа нејасни. Неговиот адвокат, пак, рекол дека Хузел „се обидувал да ја ублажи болката на пациентите, но не и да ги убие“.

Се истакнува дека поранешниот лекар бил уапсен по истрага која траела шест месеци, а сомнителните случаи се одиграле во периодот меѓу 11-ти февруари 2015 и 20-ти ноември 2018-та година. Обвинението по 25 точки за убиства претставуваат една од најголемите случаи за предизвикување смрт против лекар во САД.

Лекарот бил отпуштен од болнциата во декември минатата година и притоа му била одземена лекарската лиценца, кога имало поплаку против него а внатрешната истрага на болницата „Mount Carmel“ ги открила неговите фатални рецепти.

Како мерка на претпазливост, управата на болницата сите вработени кои работеле со Хузел биле отстранети од контакт со пациенти. Дури 48 медицински сестри и фармацевти биле пријавени до нивните професионални одбори, 30 од нив биле отпуштени, а 18 повеќе не работеле и си заминеле во текот на годините пред да се појават наводите.