Долниот дом на Бундестагот денеска со мнозинство гласови ја поддржа петицијата за помош на Украина, што подразбира испорака на оружје, вклучувајќи и тешко вооружување за одбрана од руските напади, објавија западни медиуми.
– Покрај сеопфатната економска изолација и исклучувањето на Русија од меѓународните пазари, најважно и најефикасно средство за запирање на руската инвазија е интензивирање и забрзување на испораките на ефикасно оружје и сложени системи, вклучувајќи и тешко оружје, се наведува во документ на германските пратеници.
Петицијата, поддржана од три партии во владејачката коалиција и опозициските конзервативци, усвоена е со 586 гласови „за“, 100 „против“ и седум воздржани, истакна потпретседателот на Бундестагот, Волфганг Кубицки. (МИА)