сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доминик Раб: Ќе има одговорност за секој учесник во воените злосторства во Украина

Доминик Раб: Ќе има одговорност за секој учесник во воените злосторства во Украина

Секој кој ќе учествува во воени злосторства во Украина, ќе се смета за одговорен, нагласи денеска, заменик-премиерот на Велика Британија, Доминик Раб.

– Ова се трансформира во многу поопасен проблем за Путин, отколку што тој самиот мисли, изјави Раб за „Скај њуз“.

Тој смета дека беа „доволно јасни“ кога „кажавме дека тие, кои учествуваат во воени злосторства, за тоа и ќе одговараат“.

Раб додаде дека Велика Британија нема да бара зона за забранети летови над Украина, како и дека конфликтот нема да заврши, дури и доколку Русија успее да го окупира Киев.