среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Досега 648 последователни потреси во Турција

Досега 648 последователни потреси во Турција

По разорниот земјотрес од понеделникот во Турција, со магнитуда на ударот од 7,8 степени според Рихтеровата скала, досега во земјата се регистрирани 648 последователни потреси, соопшти денеска Управата за вонредни ситуации.

Во спасувачките операции се ангажирани повеќе од 79.000 лица, а во погодените области се испратени 5.402 тешки возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, приколки и грејдери, јави агенцијата Анадолија.

Воспоставен е и воздушен мост за транспорт на персонал и материјали од Истанбул, Анкара и Измир до регионот погоден од земјотресот.