петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДПА: Лидерите на Г7 ќе ветат до пет милијарди долари за подобра глобална безбедност на храната

ДПА: Лидерите на Г7 ќе ветат до пет милијарди долари за подобра глобална безбедност на храната

Лидерите на Г7 ќе ветат до пет милијарди долари за да ја подобрат глобалната безбедност на храната во услови на претстојна криза со глад, предизвикана од руската инвазија на Украина, тврдат американски официјални лица, јави германската новинска агенција ДПА.

Одлуката е донесена на Самитот на Г7 во јужна Германија, а САД ќе обезбедат над половина од вкупната сума.

Парите „ќе ги поддржат напорите во над 47 земји“, „ќе помогнат да се спасат животи преку директни хуманитарни интервенции“ и „ќе ги зголемат отпорноста и продуктивноста на системите на храна во светот, особено во ранливи региони“.