понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Драма пред финалето на ЛШ во Киев: Затворени станици од метрото поради закани за поставени бомби

Драма пред финалето на ЛШ во Киев: Затворени станици од метрото поради закани за поставени бомби

Украинската полиција попладнево издаде наредба за затворање на пет станици на метрото во Киев, поради добиено предупредување дека во подземната железница се поставени бомби.

– Пет станици се затворени за патници. Во тек е нивна проверка, изјави портпаролката на киевското градско метро Наталија Макогон.

Според неа, добиени се закани за поставени бомби на станиците „Дњепар“, „Гидропарк“, „Левобережнаја“, „Арсеналнаја“ и „Хероите на Дњепар“.

Во Киев вечерва ќе се одигра финалето на фудбалската Лига на шампиони, во кое ќе се соочат актуелниот европски шампион Реал Мадрид и Ливерпул.