вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Драматична евакуација во Словенија: Се спасуваат бебиња од градинки и деца од кампови (ФОТО+ВИДЕО)

Драматична евакуација во Словенија:  Се спасуваат бебиња од градинки и деца од кампови (ФОТО+ВИДЕО)

Храбриот потег на пожарникарите во словенечкиот град Менгеш, кои спасија деца од градинка откако водата ја поплави зградата, го воодушеви целиот регион.

Членовите на доброволната противпожарна бригада Менгеш споделија фотографии на нивната официјална Фејсбук страница на кои се гледа како ги изнесуваат децата од градинка.

„Ги известуваме родителите на децата од градинката во Гобица дека успешно ги евакуиравме сите 22 деца на безбедно и тие се на безбедно во единицата Сончек“, се наведува на Фејсбук.

На сликите може да се види дека пожарникарите носат по едно дете додека водата им достигнала до половината.

Стотици интервенции на пожари се регистрирани во Словенија од четвртокот вечерта поради поројните поплави предизвикани од обилните врнежи. Состојбата на терен е драматична, селата се отсечени, патиштата под вода.

Дежурниот тим на планински спасувачи спаси 17 лица и едно бебе со полициски хеликоптер во планинскиот камп Менина, јавува 24 Ур. Во тек е спасувачка акција на Смокушки врв и во Долина Драга. Екипата на ГРС Радовљица е на терен.

– Поради временските услови на територијата на Словенија има вонредни ситуации, затоа ги замолуваме луѓето и туристите во подрачјата кои не беа толку погодени од невремето да не одат на планините, ридовите и терените до кои е тешко пристапно – предупреди ГРЗС.

На подрачјето на Црна во Корошката и Савињската Котлина и кон Камник, Шкофја Лока и Медвода, војската спасува, а евакуација ја вршат и хеликоптерски екипи, соопшти армијата.

Републичкиот штаб за цивилна заштита заседава за да одлучи за следните чекори. Состојбата е сериозна, предупреди министерот за одбрана Марјан Шарец, јави 24 Ур. На терен е и армијата, а активиран е и акцискиот план Вихр.

– Ако не излезе поинаку, ќе спасуваме и со блиндирани амбулантни возила – рече тој. Утре ќе заседава и Советот за национална безбедност.